Вчерашните валификации за ЕП во 2024 година поминаа во длабока сенка на терористичкиот напад во Брисел во кој беа убиени најмалку двајца Швеѓани.

Натпреварот меѓу Белгија и Шведска беше прекинат на полувреме, при резултат 1-1, но на другите терени низ Европа, сепак, се играше фудбал. Од резултатите, најмногу можат да бидат задоволни Словачка и Холандија кои остварија победи што ги носат на чекор од пласман на континенталниот шампионат.

 

Холандија славеше во Атина против директниот ривал Грија со 1-0, благодарение на голот од пенал на Ван Дајк во 93. минута. Претходно, во првото полувреме, удар од белата точка имаше и Вегхорст, но тој не успеа да ја искористи можноста и да ја затресе противничката мрежа. Со победата, Холандија се израмни со Грција со по 12 бода, но „лалињата“ имаат уште два меча до крајот на квалификацискиот циклус, а Грците само еден и тоа против Франција која има максимелан ефект досега.

 

Идентичен беше исходот на дуелот меѓу Луксембург и Словачка во кој гостите славеа со 1-0 со голот на Дурис во 77. минута. Овој триумф ги однесе Словаците на +5 во однос на Луксембург и +6 во однос на Исланд, па само чудо може да ги спречи трет пат по ред да се пласираат на европско првенство.