Освојувачот на македонскиот Куп, кавадаречки Тиквеш славеше со 3-2 против косовскиот тим Малишева, додека Струга со 1-0 го победи Партизани во пријателски натпревар.
Кавадарчани постигнаа голови за победа преку Стојанов, Спахиу и Михаилов, па така запишаа уште една победа на подготовките за европските настапи.
Тиквеш славеше и пред неколку дена против косовскиот првак Балкани со 2-0.