Со два прекрасни гола во последните 15 минути Њукасл стигна до победа против Вулверхемптон во четвртото коло од Премиер лигата.
Домаќините први дојдоа до предност откако Жоао Гомеш му ја одзеде топката на Лонгстаф, повлече контра преку Ларсен и на крај ја испрати во казнетиот простор каде што Гомеш ја препушти до Лемина кој погоди за 1:0.
Во второто полувреме гостите заиграа подобро и стигнаа до израмнување.
Се играше 75. минута кога Фабијан Шер од 25 метри шутираше за израмнување. Само пет минути подоцна видовме уште еден прекрасен гол кој беше дело на Харви Барнс.
По четири одиграни кола Њукасл има десет бода и одлично ја започна сезоната за разлика од Вулвси кои имаат само еден освоен бод.