Екипата на Наполи во четвртото коло од сезоната стигна до третата победа откако вечерва убедливо го совлада тимот на Каљари на гостински терен со 0-4.
Резултатот беше отворен во 18. минута кога мрежата на домаќините ја погоди Ди Лоренцо на асистенција на Ромелу Лаукаку кој беше и играч на мечот.
Победата на избраниците на Антонио Конте беше потврдена во второто полувреме кога Лукаку додаде уште една асистенција сега за Кварцхелија во 66. минута, а само четири минути подоцна и самиот постигна гол за убедливи 0-3. За конечните 0-4 се погрижи Бонџорно во самата завршница од натпреварот.
Наполи со овие три бода дојде до девет бодови и е лидер на табелата, а во следното коло ги очекува гостување кај Јувентус.
🚨🇮🇹 GOAL | Cagliari 0-1 Napoli | Di Lorenzo
NAPOLI HAVE TAKEN THE LEAD!pic.twitter.com/vLHMDThkx6
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 15, 2024