Екипата на Ливерпул со убедливи 4-1 го совлда Лутон, но гостите долго време имаа предност од 1-0.
Ливерпул ја оправда улогата на фаворит против Лутон, но работите не се одвиваа така како што се очекуваше.
Во 12. минута Огбене постигна гол за водство на Лутон од 1-0, тоа беше резултатот и на полувремето.
Во вториот дел во 56. минута Ван Дајк изедначи на 1-1, а само две минути подоцна Гакпо донесе предност на Ливерпул од 2-1.
Течеше 71. минута кога Диаз зголеми на 3-1, а Елиот во самиот финиш ги постави конечните 4-1.