Саудискиот Ал Наср се пласира во четвртфиналето од азиската Лига на шампиони, а Кристијано Роналдо даде лесен гол после големиот кикс на голманот на Ал Феиха.
Тимот на Ал Наср со 2-0 ја совлада Ал Феиха и со вкупни 3-0 се пласира меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите на Азија.
Резултатот го отвори Отавио со гол во 17. минута од натпреварот. Победата ја запечати Роналдо со гол во самиот финиш.