Фудбалскиот виртуоз Лионел Меси не постигна гол на првиот натпревар од новата сезона во МЛС, но уште еднаш покажа каква класа од фудбалер е.
Започна новата сезона во МЛС лигата, а во премиерниот натпревар една од најпопуларните екипи, Интер Мајами, на својот стадион го совлада Реал Солт Лејк со 2-0.
Во центарот на вниманието секако беше најдобриот светски фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, кој одигра одлично, но со еден потег го навлече гневот на фудбалските фанови особено на социјалните мрежи.
Имено, Меси при едена соло акција се занесе, па дури и прескокна играч кој лежеше повреден на теренот. Место да застане и играта да се прекине, тој го помина повредениот играч без ниту да трепне, па оваа негова постапка стана хит на социјалните мрежи, навивачите ја споделуваат од секој агол.
Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Бускетс го започнаа натпреварот во тимот на Мајами, а стрелци беа Тејлор во 39. минута на асистенција на Меси и Гомез во 83. минута по додавањето на Суарез.