Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми беше стрелец за Динамо Загреб на гостувањето кај Истра 1961 во 10 коло на Хрватската прва лига.
Капитенот на загрепчани добро сочека една нафрлена топка на пеналтикот и со глава ја испрати во мрежата на домаќините. Со овој гол Динамо дојде до израмнување (1-1).
https://twitter.com/i/status/1847695136630984957
Ова е втор сезонски гол за Адеми кој полека ја враќа формата, а претходно погоди пред две кола против Локомотива.