Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше гостин кај Хозе Педрерол во „Ел Чирингито“, најпознатото фудбалско шоу во Шпанија. Тој брани одлично од почетокот на сезоната во Ла Лига и еден од најдобро оценетите голмани, а Рајо Ваљекано е најпријатното изненадување во шпанската фудбалска елита.
Димитриевски истакна дека е среќен што ја дели соблекувалната со Радамел Фалкао, дека атмосферата во тимот на Рајо, а неизбежно беше и прашањето за одбранетиот пенал на Мемфис Депај.