Италијанецот Доменико Алиперта направи ретко видена мајсторија и даде гол од индирект досуден на пет метра од голот во завчерашниот триумф на неговиот тим Кавесе на гостувањето кај Путеолана (0-3) во меч од групата Х во Серија Д.

Тој во 34. минута од средбата го отвори резултатот, откако го надмудри целиот противнички тим, кој беше нареден на гол-линијата. Претходно, домашниот голман погреши и ја фати топката додадена од соиграч, по што гостите добија уникатна шанса за погодок.

 

Иако изгледаше дека нема каде да мине топката со оглед што 11 фудбалери беа наредени на голот, Алиперта најде пукнатина и со помош на стативата ја затресе мрежата.