Федерико Валверде е прогласен за најдобар играч на Ла Лига за месец септември. Уругваецот беше една од главните алки во машинеријата на Реал Мадрид, тимот на Анчелоти кој по шест одиграни кола се уште има максимален ефект.
Реал ги доби сите три натпревари во текот на септември, а Валверде придонесе со два постигнати гола.
„Кралевите“ овој викенд на домашен терен ја пречекуваат Осасуна.