Барселона речиси сигурно, следното лето ќе го ангажира играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невеш, како слободен агент. Тој е во постојан контакт со раководството на каталонскиот клуб и покрај тоа што Барса изминатото лето не упати конкретна понуда за Португалецот поради нивните финансиски проблеми.
Сепак, Невеш останува приоритет во трансферните плановите на Чави.
Тој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч и неговата желба е кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“. Ова е причината поради која ги одби понудите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул.