Управата на Интер ја следи ситуацијата со Дибала и преговорите со Јувентус за нов договор со напаѓачот кој се чини дека сепак ова лето ќе го промени клубот.
Дибала бара преголема плата според управата на „Старата Дама“ и затоа се уште нема конечен договор за продолжување на соработката.
Аргентинецот има договор со Јувентус до овој јуни, па Интер верува дека ќе успее да го убеди 28 годишниот офанизвец за преселба во Милано.
За Дибала интерес има и од Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Барселона.