Екипата на Брендфорд со головите на Мбеумо и Тонеи успеа на домашен терен да слави против екипата на Вест Хем и со тоа речиси и дефинтиивно да се одлепи од долниот дел на табелата .
Домаќинот на овој меч одигра далеку поквалитетно од противникот и заслужено победи. Погодоците беа постигнати во вториот дел, и Брендфорд реално ја заслужи оваа победа. Сега тимот е на 13. место со 36. бода, додека Вест Хем остана шести со 51 поен.
Тимот на Лестер пак од друга страна со головите на Лукман и Десбури Хол, стигна до триумф над Кристал Палас. Конечните 2:1 ги постигна Заха, откако промаши пенал, но имаше „поправен“ па погоди од „втора“.
Лес Мелоу и Теему Пуки беа стрелци за тимот на Норич во победата над Барнли од 2:1.