Иван Перишиќ уште кратко е под договор со Интер и покрај одличните игри и клучната улога се уште не добил понуда која би го задоволила. Судејќи според тврдењата на Sport Mediaset, Перишиќ веќе е со една нога надвор од Интер .
Додека Марсело Брозовиќ го доби тоа што го побара и ја продолжи верноста на Интер, Иван Перишиќ се уште не постигна договор со италијанскиот шампион.
Дека ситуацијата не е нималку пријатна сведочат и зборовите на Перишиќ откако со два гола во продолжението му го донесе на Интер трофејот на победникот во Купот. Тогаш Перишиќ изјави дека не се чека со важен играч за тимот до последните моменти за да го продолжи договорот.
Тоа беше знак за италијанските медиуми дека нешто не е во ред, а Sport Mediaset од свои извори дознава дека Перишиќ дефинитивно нема да остане во Интер, туку како слободен играч ќе се пресели во Челзи.
Танкреди Палмери пренесува дека веќе е постигнат договор помеѓу Челзи и Перишиќ, кој ќе остане во Лондон во следните две години.
Интер не ги коментираше наводите, но судејќи по нивните потези, се чини дека не размислува сериозно за останување на Перишиќ, барем не под условите што тој ги бараше и вклучува тригодишен договор вреден шест милиони евра по сезона , според пишувањата на италијанските медиуми.