Шпанскиот тенсиер Рафаел Надал вчера сензационално беше поразен во осминафиналето на Мастерсот во Рим од Канаѓанецот Денис Шаповалов. За рекордерот по бројот на грен слем титули тоа беше најрано испаѓање од турнирот од 2008 година, а работите се многу полоши за него.
По мечот со Шаповалов, Надал уште еднаш се пожали на повреда на стапалото, која хронично го мачи. Тенисерот, познат по своето феноменално движење, не беше препознатлив против младиот Канаѓанец. Очигледно беше дека нешто не е во ред со Шпанецот.
Некогаш ме боли повеќе, некогаш помалку, денес ме болеше стапалото како лудо. Не можев да тренирам неколку дена по ред. Не сум повреден, живеам со повреда и со болки“, изјави Надал.
На искусниот тенисер не му помогна ниту операцијата на стапалото минатото лето, повредата се влошуваше, а болките стануваа се посилни и посилни. Прашање е во каква состојба ќе настапи на својот омилен Грен слем Ролан Гарос , на кој има рекордни 13 победи. Турнирот во Париз започнува за нешто повеќе од една недела, а физичката состојба на „Бикот од Мајорка“ не влева доверба кај неговите навивачи.