Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го победи Ласло Ѓере во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло.
И во третиот меѓусебен дуел славеше петтиот светски играч со резултат 7:5, 7:6 (1).
Циципас во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Диего Шварцман и Лоренцо Музети.
Првиот сет беше релативно мирен до самиот крај на овој период, Ѓере ја имаше единствената брејк топка во третиот гем, а првата на Циципас успеа да ја спаси во 10. гем.
Гркот сепак во 12.гем стигна до нова брејк топка, која ја искористи и по речиси еден час поведе на овој дуел.
Слично беше и вториот сет, Ласло Ѓере повторно имаше брејк можност во третиот гем, која и овојпат не ја искористи.
За разлика од првиот, овојпат Циципас немаше шанси за брејк, па победникот од вториот сет мораше да се решава по тај-брејкот.
Со два брзи мини-брејка, Циципас поведе во тај-брејкот, а потоа ја одржуваше предноста и на крајот славеше.
Да потсетиме, Гркот е бранител на трофејот во Кнежевството.