„Фудбалерите на Атлетико се однесуваа неразумно. Треба да се срамат од глупостите што ги направија. Кога зборуваме за фудбал, тогаш морам да му честитам на Атлетико затоа што го натераа Сити да игра онака како што не сме ги виделе долго време. Ги извадија од ритам. Сепак, работите кон крајот на натпреварот не се она што сакаме да го видиме“, коментираше легендарниот Рио Фердинанд.
Слично размислува и Овен Харгрејвс.
„Манчестер Сити беше мирен и покажа класа, а Атлетико Мадрид на крајот се посрамоти. Играјте убав фудбал! Честитки за Сити, тоа беше одлична изведба и многу, многу тежок натпревар“, рече Харгрејвс.