Кошаркарите на Шарлот Хорнетс беа нервозни по убедливиот пораз од Атланта (103-132), а Мајлис Бриџис ги загуби нервите по што сакаше прво да се пресмета со судијата и заработи исклучување.
Неговите колеги се обидуваа да го смират, што не даде резултат, па Бриџис беше нервозен и додека излегуваше од паркетот, по што удри по навивачите кои го провоцираа.
Бриџис гаѓаше во публика и погоди една девојка во глава, но за среќа таа не заработи никаква повреда.