Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс се најде на удар на големи критики поради фотографијата што ја објави на својот Инстаграм профил.
Во таа прилика тој го изедначи коронавирусот со обичната настинка и грип, што наиде на голем број различни реакции на неговото објавување.
Џејмс бил вакциниран против вирусот Ковид, но претходно одбил да биде амбасадор за имунизација.
Зашто, како што истакна, не е негова работа да ги убедува луѓето да се вакцинираат.
Не доаѓа предвид. Не е моја работа да се залагам за вакцината и да ја поттикнувам. Ова не е прашање за расизам или нешто слично, каде што јас секогаш ќе го кажувам мојот суд. Овде зборуваме за нешто што луѓето го ставаат во нивните тела и не можам ни да одлучам за некого , ни да се вклучам во кампања. Знам што направив за себе и за моето семејство, и тоа е тоа“, изјави Џејмс претходно.
Некои го нарекоа „ЛеДоктор“, а има и такви кои го потсетија на бројките за смртни случаи од коронавирус и грип.