Македонскиот фудбалски шампион Шкендија планира да се засили и во вториод дел од првенството да ги анулира осумте бода негатива во однос на лидерот Шкупи по есенскиот дел од првенството. Раководството на клубот и тренерот Бруно Акраповиќ се надеваат дека со добар преоден рок и неколку засилувања можат да создадат тим што ќе ја “стопи” негативата во однос на Шкупи.
На Шкендија е понуден Јахмир Хика, играч за врска кој го нарекуваат “албанскиот Меси”. Тој беше дел од Динамо Тирана, Сан Хозе од САД, Луцерн од Швајцарија а последено замина во Кина и негов клуб беше второлигашот Гижу.
Сега сака да се врати во Европа и води преговори со раководството на Шкендија. Доколку тетовци успеат да го ангажираат сигурно ќе биде големо засилување за тимот.