Американскиот кошаркар Дарен Колисон се враќа во НБА лигата.

Се сеќавате на Дерен Колисон? Поранешниот плејмејкер на Индијана Пејсерс кој ја заврши својата професионална кариера за да им се посвети на Јеховините сведоци ,

Тој летово најави потенцијално враќање во НБА лигата, а тоа се случи сега, откако Дарен Колисон има нов клуб.

Поранешниот ас на Индијана Пејсерс, Далас Маверикс и Сакраменто Кингс ќе игра за Лос Анџелес Лејкерс, кои му понудија десетдневен договор поради големиот број заразени со коронавирус.

Покрај Колисон, Лејкерси потпишаа договор и со Стенли Џонсон, поранешен играч на Детроит, Њу Орлеанс и Торонто.