Јута Џез се врати со победи по поразот претходната вечер во Чикаго. На гости кај Бакс, Џезерите славеа со 107:95 .
Актуелните шампиони во НБА, Милвоки Бакс, го забележаа третиот последователен пораз. Минесота, Сан Антонио и Јута ги одзедоа победите на гостувањето во Висконсин и со тоа ја заокружија очајната домашна серија на Бакс, кои секако не очекуваа ваков влез во сезоната.
И Бакс и Џез влегоа уморни во овој меч откако имаа тешки натпревари претходната вечер и забележаа порази од Спарс и Булс, а Џез беше таму во уште понеповолна ситуација бидејќи сепак требаше да патува од Чикаго до Милвоки.
Сепак, без оглед на тоа што Џез го направи во овој натпревар, се покажа како добар избор што Мајк Конли не ги одигра двата натпревари, туку играше само во Милвоки и беше еден од клучните играчи во оваа победа.
Работата да биде полоша за Бакс, не само што забележаа пораз, туку останаа и без Родни Худ кој ја повреди раката и останува да се види колку е сериозна повредата. Бакс веќе имаат многу проблеми со отсуствата, па овој дуел го пропуштија Крис Мидлтон, Џру Холидеј, Брук Лопез и Донте Ди Винченцо.
Во сите 48 минути Бакс не водеа ниту еднаш, а главно беа на работ на двоцифрена разлика.
Донован Мичел го заврши натпреварот со 28 поени, Конли додаде 20 поени. Кај поразените, Јанис Антетокумпо постигна 25 поени со седум скока и шест асистенции, а Грејсон Ален додаде 18 поени (5/10 тројки) и шест скока.