Последните информации се дека Новак Ѓоковиќ нема да патува во Австралија според првичниот план.
Според „Блиц“, најдобриот светски тенисер ќе го пропушти учеството во АТП купот на почетокот на 2022 година.
Репрезентативното натпреварување во Сиднеј започнува на 1 јануари, а Србија ќе ја претставуваат: Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Матеј Шабанов, Никола Чаќиќ и Никола Милојевиќ.
Се потенцира дека во Австралија нема да патува ниту селекторот Виктор Троицки.
Тоа сепак не мора да значи дека Ѓоковиќ подоцна нема да отпатува за Австралија, на „Австралија опен“ каде би ја бранел титулата, би го бркал 10. трофеј и 21. Грен слем во кариерата.
Се наведува дека моментално има обврски околу Фондацијата во Белград, тренира секој ден, но времето го поминува и со децата и останатите членови на семејството.
Да потсетиме, Србија на АТП купот во Сиднеј ќе игра против Норвешка, Чиле и Шпанија.