Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е снимен како игра тенис пред својата зграда во Нов Белград.
Стандардно, српскиот ас додека престојува во својот роден град игра тенис со децата од околината, кои ќе го паметат до крајот на животот.
Да потсетиме, Новак реши да не оди во Сиднеј на АТП купот и подготовките за новата сезона ги продолжува во својот тренинг центар.
Се уште не е познато дали ќе настапи на Австралија опен, каде мерките и протоколите за коронавирусот се уште построги отколку во Сиднеј. Првиот Грен слем во сезоната се игра од 17 до 30 јануари