Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на турнирот во Виена.
Тој во полуфиналето лесно го совлада младиот Карлос Алкарас со резултат 6:3, 6:3, по нешто повеќе од еден час игра.
Зверев ќе има шанса да го освои 18. трофеј во кариерата, петти во сезоната.
Германецот рутински славеше во првиот меѓусебен дуел со Шпанецот, во Акапулко годинава, а таа игра ја повтори и во главниот град на Австрија.
Тој беше особено доминантен во првиот сет, не му дозволи на ривалот никаква шанса, а успеа да направи два брејка.
Вториот сет го реши во шестиот гем, кога му го одзеде сервисот на Алкарас и со тоа најави ново финале.
Во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Френсис Тиафо – Јаник Синер.