Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Елче со 2:1 како гости, на отворањето на 12. коло од Ла Лига.
Херој на „кралскиот“ клуб беше Винисиус Јуниор, кој беше стрелец на двата гола.
Најпрвин во 22. минута на додавање на Маријан Дијаз со левата нога биеше во спротивниот агол од голот на Касиља, а во 73. минута одлично се снајде по асистенција на Лука Модриќ.
Бројчаната разлика не ги спречи домашните да дојдат до почесниот гол, а главен виновник за тоа беше Касемиро кој погреши при додавањето.
Ниту Крос не се прослави со својата реакција, но затоа Пере Миља рутински го совлада Куртоа.
Реал со победата има 24 бода, исто колку и Реал Сосиедад, но подобра гол разлика од баскискиот тим.
Елче е 15-ти со 10 бодови.
ВИДЕО
https://www.youtube.com/watch?v=6C_azEKKuv0