Фудбалскиот генијалец Лионел Меси синоќа го имаше првиот официјален контакт со навивачите, на свечена промоција на стадионот на Интер Мајами во САД.

Пред полни трибини и со силни овации, новата „десетка“ на Интер Мајами беше пречекана како што доликува.

„Многу сум среќен што сум тука! Не можам да дочекам да почнам да тренирам и да се натпреварувам. Тука сум да играм, да освојуваме титули, да му помогнам на тимот како секогаш што сум правел. Тука дојдов со иста желба како и секогаш. Ќе уживаме многу“, изјави Меси.

На церемонијата, заедно со Меси фановите го видоа и некогашниот негов соиграч од Барселона, Серхио Бускетс, кој исто така потпиша за Интер.

https://twitter.com/InterMiamiCF/status/1680750405200801792?s=20