Навивачите го покажаа своето незадоволство во натпреварот против Бордо, а најмногу „настрадаа“ Лионел Меси и Нејмар, за кои нема добро мислење ниту 43-годишниот Жером Ротен.
„За овие неуспеси одговорни се Нејмар и Меси. Кога Леонардо го ангажираше Лео, тие двајца застанаа на врвот. Не ги напаѓам останатите, затоа што овие двајца за мене се платеници. Не сакам да зборувам дека Меси е измама, но тоа не е далеку од вистината. Нејмар? Не само што се уништи како фудбалер, туку стана и чудовиште кое повеќе не го интересира фудбал“, вели поранешниот француски репрезентативец.