Поради познатите финансиски проблеми Барселона не беше активна во овој преоден рок, меѓутоа во последниот ден Каталонците би можеле да добијат големо засилување.
Чави сака засилување во средниот ред, иако има доволно играчи на таа позиција. Лапорта е расположен да му го исполни барањето, посебно затоа што на Барселона и оди одлично во Ла Лига и во овој момент се лидери на табелата.
Единствената опција со која Барселона може да го доведе Амрабат е позајмица со право на откуп бидејќи клубот не може да троши големи пари сега. Останува да видиме дали обидот на Барселона ќе биде успешен до крајот на денот…