„Не, не го ротирав тимот“, беше одговорот на Пеп Гвардиола по отсуството на Џек Грилиш и Фил Фоден на натпреварот против Њукасл.
Двете ѕвезди на Сити беа снимени во ноќно излегување по победата на Манчестер Сити над Лидс со 7-0. После тоа Гвардиола ги исфрли од тимот за пресметката со Њукасл.
“Зошто играше овој тим? Затоа што овие играчи заслужија да играат, а другите не. Во овој период околу Божиќ, мора да обрнеме многу внимание на однесувањето на играчите на теренот и надвор од него. Кога тие не се однесуваат како што треба, тие нема да играат, останете фокусирани. Знам дека е тешко пред крајот на годината, но мораме“, изјави Гвардиола.
Телеграф пишува дека Гвардиола полудел кога во јавноста протекла фотографија на Грилиш и Фоден од ноќно излегување и кога видел во каква состојба се појавиле на тренинг следниот ден. Со исклучувањето од тимот сакаше да им каже дека такви работи повеќе нема да се толерираат во клубот.
21-годишниот Фоден, чија вредност се проценува на 80 милиони евра, оваа сезона има шест гола и шест асистенции во 18 настапи. Грилиш, кој летово беше платен од Сити 117 милиони евра, оваа сезона има три гола и три асистенции.
Сити и без нив лесно го победи Њукасл (4:0) и се одвои на врвот во Премиер лигата.