Вечерва бевме сведоци на спектакуларно прво полувреме во Мадрид каде Атлетико го пречека Ливерпул во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Магијата на Салах, кинењето на мрежата на Кеита, будењето на Гризман со два гола и раниот туш го одбележаа овој натпревар по вкус на секој фудбалски фан.

Ливерпул започна \силно и одбраната на Атлетико не знаеше што им се случи, а повеќето од нив се загубија кога египетскиот волшебник со топката изведе магија која ги воодушеви сите. Нареди тројца играчи на Атлетико, а четвртиот не успеа ниту да го фати во моментот кога биеше од врвот на казнениот простор. Топката го допре Милнер, но голот заслужено му се припишува на Салах кој влезе во историјата на Ливерпул како единствениот играч кој постигнал гол на девет натпревари по ред.

Само пет минути подоцна видовме уште еден спектакуларен гол. Една одбиена топка стигна до работ на шеснаесетникот каде ја дочека Кеита. Не размислуваше многу,  шутираше од прва и ја искина мрежата на Облак за 2: 0.

Домашниот тим се разбуди по почетниот шок, па Лемар го пронајде Гризман . Француската комбинација започна кога по краткиот корнер Лемар го проби Кеита и влета во шеснаесетникот, топката  стигна до Гризман на работ од шеснаесетникот. Французинот стрелаше од прват и го погоди спротивниот агол на Алисон за да намали на 1: 2.

Херојот Гризман повторно  во 34. минута  погоди за израмнување. Жоао Феликс брилијантно го пронајде Гризман кој ја измами одбраната на Ливерпул и погоди за 2: 2.

Одличниот Гризман во првото полувреме стана трагичар во второто полувреме. Се играше  52. минута кога на една топка во воздух отиде со високо крената нога , но и Фирмињо со глава се упати кон неа.  Гризман ја зафати главата на Бразилецот наместо топката, а судијата немаше друг избор освен да му го покаже патот кон соблекувалната и рано туширање.

Со играч повеќе Ливерпул  доаѓа до предност повторно. Тоа беше во 77. минута кога Хермосо со јасна намера го фаулира Жота во шеснаесетникот и судијата покажа на белата точка. Салах го изведе ударот и мирно го измами Облак за 3: 2.

Домаќините имаа момент на радост во 80. минута кога судијата покажа на белата точка кога Хименез падна во шеснаесетникот. Судијата сепак беше принуден да ги погледне снимките од ВАР. И потоа следуваше ново разочарување за играчите на Атлетико бидејќи по прегледувањето на снимката се премисли и го поништи досудениот пенал .

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=qh2EhifBcco

Во вториот натпревар од групата Б се сретнаа Порто и Милан, а домаќините славеа со голот на Дијаз (65 ’).

РЕЗУЛТАТИ:

Група А

Клуб Бриж – Манчестер Сити 1: 5

ПСG – РБ Лајпциг 3: 2

Група Б

Атлетико Мадрид – Ливерпул 2: 3

Порто – Милан 1: 0

Група В

Бешикташ ЈК – Спортинг 1: 4

Ајакс – Борусија Дортмунд 4: 0

Група Д

Интер – Шериф 3: 1

Шахтјор – Реал Мадрид 0: 5