Англискиот и европски шампион Манчестер Сити се доближи на само два бода до Ливерпул, на врвот на табелата откако денес без поголеми проблеми триумфираше на домашен терен против Шефилд Јунајтед со 2-0.

Ваквиот развој на настаните е фантастичен за Манчестер Сити ако се имаат предвид проблемите со повреди со кои се соочи во првиот дел од сезоната. Наскоро повредените треба да се вратат, па за очекување е бранителот на титулата да биде многу посилен во борбата за одбрана на трофејот.

 

 

Сити славеше благодарение на головите на Родри и Алварез, по еден во двете полувремиња. Манчестер Сити беше апсолутно доминантен, имаше 82% посед на топка, упати 18 шута иако само четири во рамките.

Додека Сити се доближи на два бода од врвот, Астон Вила се израмни со лидерот Ливерпул по победата против Барнли со 3-2. Тоа беше прв триумф за тимот од Бирмингем по двата меча на кои не успеа да слави, а до него дојде со голот од пенал на Даглас Луиз во 89. минута.