Ерлинг Халанд продолжува со неверојатната голгетерска серија.
21-годишниот Норвежанец е вистински фудбалски мајстор, тоа го потврди на денешниот дуел против Унион Берлин.
Борусија Дортмунд победи со 4:2, а Халанд постигна два гола. Вториот од финишот на натпреварот беше особено неверојатен.
Халанд успеа да реагира на вистински начин и го лобуваше противничкиот голман од тешка ситуација.
За одличниот напаѓач ова беше 68 -ти гол на 67 натпревари во дресот на Борусија Дортмунд, што најдобро покажува каков играч е.