Фудбалерите на Челси дојдоа и до четвртата победа во петтиот меч од новата сезона во Премиерлигата, откако славеа во вечерашното лондонско дерби на гости кај Тотнем (3-0).

„Сините“ по релативно изедначените први 45 минути, фантастично го почнаа второто полувреме и во само осум минути го решија прашањето околу победникот. Тиаго Силва со удар со глава по одлично изведен корнер го отвори резултатот во 47. минута, предност која набрзо беше удвоена со голот на Канте во 55. минута. Домаќинот не направи ама баш ништо на овој меч, додека гостите точка на триумфот ставија во 92. минута со голот на Рудигер.

Челси сега се изедначи со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на врвот од премиерлигашката табела, откако трите екипи имаат по 13 бодови.