Екипата на Севиља со 3-2 го победи Реал Сосиедад, а стрелец на еден од головите беше и ветеранот Серхио Рамос.
Севиља имаше фантастичен старт на дуелот, со головите на Ен Несири во 11. и 13. минута поведе со 2-0.
Пред самиот крај на првото полувреме играчот на Сосиедад, Андре Силва беше стрелец од пенал за 2-1 за поинтересно второ полувреме.
Во 66. минута дефанзивецот Серхио Рамос постигна гол со глава по асистенција од Торес за предност на Севиља од 3-1.
Во втората минута од судиското продолжение на натпреварот, Мендез погоди од слободен удар за 3-2.
Реал Сосиедад имаше уште неколку минути да се спаси од пораз, но не успеа.
Овој пораз е удар за Реал Сосиедад кој со 40 бода е на седмото место, додека Севиља е 14. со 27 бода.