Американскиот пливач, тинејџерот Лука Мијатовиќ е спортска личност на денот во САД откако успеа да ги надмине најдобрите времиња кои на негова возраст ги имале пливачите Јан Торп и Мајкл Фелпс.

Мијатовиќ има само 14 години, по потекло е од просторите на поранешна Југославија, од татко фудбалер (не е Предраг Мијатовиќ) и мајка одбојкарка. На натпреварување во Калифорнија, тој го собори 14 години стариот рекорд на 200 метри слободно, а потоа и на 400 метри мешано.

 

На 200 метри го надмина времето на Торп, а на двојно подолгата делница е подобар од она што како 14-годишник го постигнувал најдобриот пливач во историјата Мајкл Фелпс.