Американската пливачка Лили Кинг освои златен медал на 200 метри градно на Светското првенство во Будимпешта.
Кинг стигна до златото со време од 2:22,41 минути.
Второто место го зазеде Австралијката Џена Штрауч со 63 десетинки заостанување, додека втората Американка Кејт Даглас стигна до бронзата со време 2:23.20 минути.
Меѓу првите пет се најдоа и Канаѓанката Килси Лорен Вог и Литванката Котрина Тетеревкова.
Американскиот пливач Рајан Марфи вечерва на Светското првенство во Будимпешта освои златен медал на 200 метри градно.
Марфи до најсјајниот медал стигна со време 1:54,52 минути.
Сребрениот медал го освои Британецот Лук Гринбенк со 64 десетинки заостанување зад Марфи, додека бронзата ја освои Американецот Шајн Касас со време 1:55,35 минути.
Меѓу првите пет се пласираа и Британецот Броди Пол Вилијамс и Французинот Мавен Томак.