Одбојкарската репрезентација на Македонија замина за Тампере, Финска каде ќе ги има настапите на Европското првенство (ЕП) кое се игра овој септември.
Двете одбојкарски ЕП во низа се голем успех, но на овој континентален собир ќе се има шанса да се дојде до уште подобар резултат од претходниот затоа што селекторот ги има на располагање сите играчи, нема повредени а желбата за успех е голема.
Македонија на ЕП 2021 во одбојка ќе се соочи најпорво со домаќинот Финска а потоа и со Холандија, Турција, Шпанија и Русија. Натпреварите стартуваат на 1 септември.