По само 45 минути беше 3:0 а во второто полувреме Сити само го дотолчи гостинот. Головите ги постигнаа Илкај Гундоган, Феран Торес и Габриел Жезус.

Во второто полувреме Родри со перфектен удар зголеми на 4-0 во 53. минута, а дебаклот на Арсенал го потврди Торес со неговиот втор гол во завршницата за конечни 5-0.

Актуелнот шампион по три одиграни кола има шест освоени бодови, додека Арсенал по три меча запиша исто толку порази и е на дното на табелата.