Турција триумфираше над Чешка со 2-1 со гол во последните секунди и останаа на второто место во групата Ф на ЕП. Чесите останаа со играч помалку по само дваесет минути игра, а иако беа долго рамноправни не успеаја да направат изненадување. Со головите на Чалханоглу и Тосун турските репрезентативци стигнаа до победа во пресметката во Хамбург.
После 20 минути игра две јавни опомени доби Антонин Барак кому судијата Иштван Ковач му го покажа патот кон соблекувалната. Чесите се затворија по отворениот почеток и се насочија кон дефанзива. И покрај бројната предност Турците не успеаја да направат посериозна можност.
https://twitter.com/i/status/1806058070922912070Чешка на моменти делуваше доста опасно по турскиот гол и со десетмина, меѓутоа не успеа да направи чудо. Ченк Тосун во последните секунди од натпреварот успеа да донесе победа за Турците и само го потврди местото во осминафиналето.
Во првата нокаут рунда Турција ќе вкрсти со селекцијата на Австрија на втори јули, Чесите ја завршија групата на последното место.