Шпанскиот спортски медиум „Мундо Депортиво“ ја претстави својата верзија на идеалниот тим на групната фаза на ЕВРО 2024. Единаесетмината се подредени во систем 3-5-2.
Мамардашвили е најдобриот голман на турнирот досега, а присуството на Н’Голо Канте и на Италијанецот Рикардо Калафиори не е изненадувачко, за разлика од Романецот Раду Драгушин.
Во нападот е напаѓачот на Мец, Грузиецот Георгес Микаутадзе. Во составот има тројца Шпанци, Марк Кукурелја, Фабиан Руиз и Ламин Јамал, како и Џамал Мусијала (Германија), Станислав Лоботка (Словачка) и Марсел Сабицер (Австрија).