Двајцата хрватски репрезентативци кои оставија многу силен впечаток на ова Светско првенство, голманот Доминик Ливаковиќ и стоперот Јошко Гвардиол се во најтесна конкуренција индивидуалните признанија на ова Светско првенствио во Катар.
Според информациите, Ливаковиќ кој беше јунак во две пенал серии со Јапонија и Бразил (одбрани четири пенали) е во конкуренција со голманите од сите полуфиналисти, Боно (Мароко), Емилијано Мартинез (Аргентина) и Уго Лорис (Франција), но е во предност пред сите зашто има најмногу интервенции, без оглед на примените шест гола.
Гвардиол, пак е во најтесна конкуренција за признанието најдобар млад фудбалер и тоа главен противкандидат му е аргентинскиот суперталент од средниот ред Енцо Фернандез од Бенфика. И за двајцата во моментов на фудбалскиот пазар е вистинска тепачка со наддавање за отштета за да бидат ангажирани.
На минатото СП најдобар млад фудбалер беше избран Килијан Мбапе, кој сега заедно со Лионел Меси се во најтесна битка за МВП-наградата на турнирот, но и за наградата за најдобар стрелец зашто се израмнети со по пет гола, но ќе решаваат асистенциите.
Кој ќе ги освои овие две награди ќе реши финалето и меѓусебната пресметка на соиграчите од ПСЖ во недела попладне од 16 часот.