Фудбалерите на Партизан го совладаа тимот на Металац со 3:0 (3:0) во Горњи Милановац во 20. коло од српската Линглонг Суперлига.
Избраниците на Александар Станојевиќ на овој начин ја потврдија есенската титула, откако пред паузата имаат пет бода повеќе од вечниот ривал , Црвена звезда.
Целата работа црно-белите ја завршија dо 37. минута, кога беа постигнати сите три гола.
Два гола постигна Квинси Мениг , а еден Александар Шќекиќ, по што се беше решено.
Партизан лесно, без многу возбудувања, го приведе мечот кон крајот и ја потврди лидерската позиција во првиот дел од сезоната, првпат по седум години.
А она што е најважно за црно-белите, го искористија киксот на Звезда против Радник (1:1) и ја зголемија разликата .
Првиот дел од сезоната фудбалерите на Партизан ќе го затворат со меч против Колубара в сабота на стадионот во Хумска.