Серхио Агуеро мораше да ја заврши фудбалската кариера, откако се соочи со сериозни здравствени проблеми, па така Барселона остана без врвен напаѓач, а оваа одлука го растажи и неговиот сонародник Лионел Меси.
Меси му е голем пријател на Агуеро, па испрати емотивна порака преку социјалните мрежи.
„Поминавме убави моменти, но и такви кои не беа добри, сепак сите тие ни помогнаа да бидеме поголеми пријатели. Ќе продолжиме да живееме заедно надвор од теренот. Вистината е дека боли кога гледам дека мора да се откажеш од тоа што го сакаш. Сигурен сум дека ќе бидеш среќен затоа што ти си таква личност. Ти посакувам само најдобро во иднина. Те сакам мој пријателе, ќе ми недостигаш на теренот“, напиша Меси.