Медиумите во Шпанија утринава „лансираа“ вистинска бомба. Имено каталонскиот гигант Барселона по секоја цена сака да направи супер тим за следната сезона, во која ќе тргне и во освојување на Лигата на Шампионите.
Па така планот е по секоја цена да се доведе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Јасно е дека ова од финансиски аспект е многу тешко, но во Барса се уверени дека може да излезат на крај со барањата на Норвешкиот суперголгетер.
Сепак, тоа не е се. Имено по само една година помината во Париз, Лео Меси, најдобриот фудбалер во историјата на каталонската гордост, би се вратил на “Камп Ноу“.
“Халанд и Меси заедно во Барселона? Немојте да се изненадите ако тоа се случи во следната сезона“ е изјавата на Енрик Масип, првиот советник на Хоан Лапорта, претседателот на Барса.