Официјално заврши сезоната 2021/22 во ПМФЛ, а Шкупи не само што ја освои титулата туку го има и првиот стрелец, “бомбардерот“ и тоа во името на фантастичниот напаѓач Сандеј Адетунџи.
Интернационалецот од Нигерија успеа да постигне 20 голови, или четири повеќе од Мартин Мирчевски кој за А. Пандев ја одигра само есенската полусезона. На третото место се најде Селмани (Ренова) со 15 голови, па потоа следуваат Адем (Македонија ЃП) со 11, Алтипармаковски (Брегалница), Гури (Шкендија) Дориев (Шкендија) со по 10 голови.
Инаку интересно е дека по пауза од две децении повторно имаме странец – голгетер во нашата елитна лига. Последен пат тоа беше Љубиша Савиќ од тимот на Слога Ј, значи повторно фудбалер на чаирскиот клуб, кој во сезоната 2002/2003 постигна 23 голови.
После него во два наврати најдобар голгетер беше Стевица Ристиќ (Силекс), но тој зема македонски пасош па затоа не се води како странец