Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја сочува предноста од два гола против Исланд на гостински терен, на крајот мораше да се задоволи со реми (2-2) во мечот од квалифиикациите за СП во Катар.

Патот кон Мундијалот веќе станува тежок, а се чини ќе биде уште потежок. Пред мечот со Романија, селекторот, Благоја Милевски се соочува со големи проблеми. Поради повреди неизвесни се Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Елмас на мечот со Исланд уште во 30. минути добил удар во зглобот, па се чека да се направат детални прегледи.

Македонските репрезентативци во Скопје се враќаат во 17 часот, со оглед на долгиот лет, денеска нема да одржат тренинг.

Дуелот со Романија е закажан за среда на Националната арена „Тодор Проески“.