На Светското првенство во Катар денес ќе се одиграат натпреварите од третото коло во групите Ц и Д.
Од 16 часот во групата Д играат Тунис – Франција и Австралија – Данска.
Франција која е актуелен светски првак веќе обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот.
Група Д:
16.00 Австралија – Данска
16.00 Тунис – Франција
Група Ц:
20.00 часот Полска – Аргентина
20.00 С. Арабија – Мексико
„Триколорите“ се на првото место со шест бодови, Австралија е втора со три, додека Данска и Тунис имаат по еден бод.
Во групата Ц од 20 часот играат Полска и Аргентина, односно Саудиска Арабија и Мексико.
Полска е прва на табелата со четири бода, Аргентина и Саудиска Арабија имаат по три, а Мексико е на последното место со еден бод.
Сите четири селекции имаат шанса да се пласираат во осминафиналето.