Има чудни ситуации во фудбалот, после кои се постигнати уште почудесни голови, но ова вчера беше можеби досега невидено. Фудбалска Турција, а и светот, се шокирани, откако го видоа вториот гол со кој Аланијаспор го победи Трабзонспор со убедливи 3-1.
Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, го одигра целиот меч, па и тој од блиску виде каква глупост направија неговите соиграчи, голманот Угурџан Чакир и особено Стефано Денсвил кој му подари гол на противничкиот играч Огуз Ајдин.
Голманот Чакир му додаде на Денсвил, Суринамецот „заспа“ и гледаше напред, а и нешто покажуваше со рацете, и не виде дека топката веќе е кај него. Чакир не очекуваше такво нешто, па не се врати на голот и остави празна мрежа, а тоа го искористи Ајдин кој ги шокираше гостите со веројатно клучен гол.
Погледнете го голот кој стана хит и ретко се гледа во сериозни лиги како турската: